Васур: Ф1 е преголем предизвик за Пурчер во моментов

Тимскиот шеф на Алфа Ромео, Фредерик Васур, објасни зошто екипата побарал млад дебитант и го довела кинезот Гунају Жу, во ситуација кога има свој млад талентиран возач во Тео Пурчер.

18-годишниот французин беше споменуван како можен возач на тимот од Хинвил за оваа сезона откако стана најмлад Формула 2 победник на трка по триумфот со АРТ во Монако и заврши на 5то место во поредокот на возачи. Но, и покрај тоа што е дел од програмата за млади возачи на Заубер, тој не го замени Антонио Џовинаци годинава крај Валтери Ботас.

По Васур, младиот возач требало да созрее и да собере искуство пред да биде во позиција да го направи следниот чекор во својата кариера.

имаше фантастична сезона во формула 2, но мораме да внимаваме на фактот што пред само 18 месеци беше во фомрула 4, а тој чекор помешу формула 4 и формула 3 е многу голем.

формула 1 болидот е многу комплексен, а имаме само шест денови за тест пред почетокот на сезоната, така што би било преголем ризик и преголем предизвик да го внесевме во формула 1 годинава.

многу подобро е да биде фокусиран на формула 2 сезоната годинава, а за во иднина ќе размислиме – посочи васур.

Францускиот шеф се надева дека годинава ќе може да го подготви младиот производ на Академијата од Хинвил за врвната моторспорт тркачка серија. Тео веќе тестираше за Алфа Ромео на Хунгароринг во Август по што изјави дека му се остварил соно. Следно секако дека ќе бидат петочни сесии паралелно со втора година тркање во Формула 2.

тео секако дека ќе вози петочни тренинг сесии, а ќе тестираме со него за да го одготвиме за во иднина. повторно ќе вози во формул 2, а најважно е да победи во таа серија за да биде колку што може подобро пдоготвен за формула 1, тоа го барам од него.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ