Вајтинг дал идеја за накосената кривина на Зандворт

Организаторите на Холандското Гранд При во Зандворт открија дека Чарли Вајтинг имал голема улога во идејата да се додаде накосена кривина на патеката која ќе биде голем предизвик за возачите слендиот Мај.

Патеката се враќа во календарот следната година, а последната кривина ќе биде силно накосена со цел да се зголемат шансите за претекнување, да се донесе поголем предизвик и да се даде можност на многу различни линии на минување на кривината.

Кривината ќе се вика Арие Лујендик и ќе биде 32% накосена што е еднакво на 18 степени накосување, пострмно од американски Индијанаполис.

Главниот оперативец на Холандското Гранд При, Ерик Веијерс, откри дека лично Чарли Вајтинг сугерирал да се накоси последната кривина што било инспирација за креаторите на автодромот.

вајтинг беше голем ентузијаст во врска со обликот и карактеристиките на патеката, песочни зони за излетување и краткиот дел пред гаражаите. на Лујендик кривината предложи поставување на бариери против излетување веднаш до патеката што ќе го намали ударот при промашување на кривината затоа што колку подалеку се постават бариерите толку ќе се случи судар под поголем агол.

еден ден по посетата се врати во канцеларија, се јави и ми кажа “а да ја накосиме последната кривина?“. веднаш ја ставивме таа идеја пред фом и тие беа исто како него ентузијасти и се счи накосувањето.

сфативме дека за таква операција ни требаат специјалисти и така стапивме во контакт со дромо. почнаа со нашата идеја да го задржиме традиционалното и историското во зандворт и се испадна одлично – се присетува ваијерс.

Тој дополни дека за да се подобри и зголеми претекнувањето било размислувано и на други идеи.

зборуваме за јануари 2017 година кога луѓето од фом дојдоа да ја видат патеката за прв пат и беа шармирани од старомодниот карактер на истата. им ставивме до знаење дека сакаме малку работи да промениме и дека не можеме да имаме правец од 200 метри.

кога отидовме на состанок со техничкиот персонал од фом зборувавме за тоа како да го направиме зандворт секси и добар за претекнување. прва идеја беше да го направиме 13от свиок поостар или да напраивме шикана за да се намали брзината за да возачите одеднаш забрзуваат до првата кривина,а а дрс-от рано се отвори.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ