Вебер не е сигурен дека Ред Бул има болид за титула

Марк Вебер е загрижен дека Ред Бул не може да му овозможат болид за Макс Верстапен со кој ќе дојде до првата титула оваа сезона. 

Во моментов разликата помеѓу него и Луис Хамилтон е само шест поени во корист на холанѓанецот, а се чини дека во текот на сезоната Мерцедес станува се посилен и победи на последните две трки. 

Поранешниот возач на Ред Бул, Марк Вебер, смета дека тимот не може да му обезбеди силен болид. 

Мислам дека сум загрижен по трката во Турција дека Ред Бул почнаа да се откажуваат. Доколку се обложував ќе загубев доста пари во такви услови на патеката на Макс. Мислам дека тој не можеше да му парира на Валтери.

Беше интересно во однос на перфоманси на влажно и суво, Ред Бул не знаеја како да се справат и сега со новиот мотор ситуацијата е друга. Макс се држи. Имаше судар на Монца, но во Русија извозе одлично.

Мислам дека Мерцедес се во предност. Да не заборавиме дека Валтери беше на пол во Монца и победи во Турција. Ова е клучен дел од шампионатот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ