Вебер предупредува: Леклер може да замине во иднина

Марк Вебер смета дека падокот треба да внимава на Шарл Леклер затоа што со заминувањето на Себастијан Фетел од тимот, младиот возач од Монако ќе добие можност да го покаже целосниот свој потенцијал.

Леклер ја одработува својата втора сезона во Маранело, но иако болидот е очајно бавен и лош, тој успеа да стигне до два подиуми до сега сезонава. Несогласувањето на патеката помеѓу него и неговиот колега беа честа слика минатата година, откако Шарл покажа дека е сериозно брз и може да се носи со секого.

Фетел заминува од тимот на крајот од оваа сезона, а австралијанецот не би бил зачуден доколку н неговиот актуелен колега се реши на истото во иднина.

внимавајте на шарл леклер. навистина ме интересира како ќе помине следните неколку години во ферари. сеуште е на еден вид меден месец, но ќе остане таму до крајот на 2024 година и ако ферари останат неконкурентни може да му дојде преку глава.

лошо е да се вози за ваков ферари со толку големи очекувања, така што ако ситуацијата продолжи, не веруван дека леклер ќе остане – најави марк.

Младиот возач беше многу фрустриран на домашната јубилејна трка за Ферари на Муџело откако успеа да биде одличен 5ти на квалификациите, а на трката со многу откажувања беше лесна мета за останатите од средина на поредокот и едвај финишираше на 8мо место.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ