Верстапен: Ако погрешите со правилата, долго ќе заостанувате

Актуелниот првак, Макс Верстапен, посочи дека оние екипи кои ги згрешиле техничките прописи за 2022 година, ќе заостануваат и секогаш ќе “бркаат“ за фа надоместат.

Тимот Ред Бул на Верстапен успешно ги примени новите прописи со земјен ефект, при што РБ18 забележа 17 победи од 22 трки, а 15 од нив му припаднаа на холанѓанецот, кој ја освои втората светска титула. Спротивно на тоа, Мерцедес, кој освои 15 од 16те достапни титули, од усвојувањето на турбо хибридните мотори во 2014 година, имаше проблеми со W13, остварувајќи само една победа на трка. Луис Хамилтон, исто така, за прв пат во својата Ф1 кариера остана без победа.

Во таква ситуација, Верстапен верува дека тимовите како Ред Бул ќе имаат голема предност понатаму.

Го гледате ова кога се менуваат прописите и некои тимови ќе ги погодат веднаш. Кога знаете што правите, помалку или повеќе работите од таму и правите мали чекори напред.

Но, кога ќе ги примените погрешно, навистина треба повторно да измислувате и да се обидете повторно да ги достигнете другите. Тоа го видовте кај нас со тоа што беа потребни неколку години за да им конкурираме на Мерцедес.

Немавме добар мотор, но штом го средивме тоа, работевме на болидот и штом ќе се комплетирате, конечно сте таму, но ни требаа неколку години. Можеби со овие прописи е помалку сложено, но сепак заостанувате и треба да ги стигнете.

додека тие се обидоа да не стигнат, ние исто така се обидуваме да се подобриме, па тоа е она што треба да се обидеме и да продолжиме да го правиме и се надевам дека тоа повторно ќе го покажеме во 2023 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ