Верстапен: Болидот беше тежок за возење

Макс Верстапен изјави дека неговиот болид бил невозможен да се вози откако беше дел од сударот во првиот круг во Унгарија. 

Тој беше удрен од Ландо Норис во првиот свиок кога возачот на Мекларен беше удрен од Валтери Ботас од позади и едноставно ги повлече двата Ред Була со себе. Ова е втора трка каде Верстапен е вовлечен во судар со Мерцедес. Тој претрпе тешка штета на десниот дел на болидот, но успеа да ја продолжи трката и да дојде до поен на крајот од трката.

Повторно Мерцедес ме уништија. Ми фалеше целиот десен дел на болидот. Подот беше оштетен и тежок беше за возење. Да бидам искрен, дадов се од себе и освоив еден поен.

секако не го сакав тоа. Разочаран сум и не сакав да одам така на одмор. Многу моменти не чинеа доста поени. Секако Мерцедес беа брзи и ние не се откажавме – изјави макс.

Колегата на Верстапен, Серхио Перез беше дел од сударот со Ботас и таму ја заврши трката во првиот круг. Верстапен го загуби водството од Хамилтон возачкиот поредок и сега е втор со заостанвуање од шест поени. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ