Верстапен воодушевен, но му било досадно

Макс Верстапен си го врати водството во шампионатот со своето 2ро место на денешната трка во ситуација во која Луис Хамилтон заврши како 5ти, но се пожали дека му било здодевно додека возел.

Холанѓанецот не беше во можност да го предизвика Валтери Ботас за победа, но безбедно и без ризик си го освои 2то место со една промена на гуми во 37от круг, кога тоа го направи прв од топ 10 возачите. Финишот на 3то место на неговиот колега, Серхио Перез, донесе одлична трка за Ред Бул кои го намалија водството на Мерцедес.

не беше лесно денеска затоа што патеката беше многу “мрсна“. моравме даменаџираме со гумите цела трка и во ниту еден момент не притискав сило. изгледа дека валтери имаше повеќе брзина и подобар ритам од нас, подобро се грижеше за гумите и имаше посилна трка.

среќен сум што завршив на 2ро место затоа што вакви услови лесно може нешто да тргне наопаку и воопшто да не завршите. се на се, задоволен сум многу – изјави верстапен.

Запрашан за најголемиот предизвик кој го имал во текот на трката, Макс објасни дека тоа било да не заспие.

најтешко ми беше да останам буден – се пошегува возачот.

цела трка беше само менаџирање на гуми, така што во ниту еден момент не притискав силно за да пневматиците издржат колку што требаше.

На шест трки пред крајот на сезоната, тој води во возачкиот поредок, а за две недели следува Амеиканското Гранд При во Остин.

цела година сме блиску еден до друг и сигурен сум дека во остин ќе имаме одлична борба со мерцедес и мораме да продолжиме да притискаме и да се подобруваме. на крајот на сезоната ќе видиме како сме сработеле. секако дека сметам оти годинава е одлична.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ