Верстапен: Ги сакам Монако и Спа засекогаш на календарот

Актуелниот Формула 1 шампион, Макс Верстапен, сака легендарните трки засекогаш да останат на календарот. 

Се повеќе се зборува за зголемување на календарот, но ќе треба да се донесат тешки одлуки како отстранување на некои патеки од календарот. Се почесто се зборува дека договорите на Монако и Белгија нема да бидат продолжени. 

Монако ја има целата историја и тешко е да се замени. Се надевам дека размислувате како мене – смета верстапен.

Во врска со Најтешка патека на која возел, Верстапен ја одбира Монако. 

Мислам дека е Монако. таму не смее да се погреши бидејќи веднаш завршувате во ѕидот. 

Холанѓанецот објасни дека единствено е љубопитен да види како возел татко му на својот врв. 

Сакам да видам како возел татко ми на неговиот врв и да се соочам со него, Но секако има разлики помеѓу нас. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ