Верстапен го критикува документарецот на Нетфликс

Макс Верстапен изјави дека не го сака документарецот на Нетфликс – Drive to Survive, серијал кој силно ја зголеми популарноста на Формула 1 во светот. 

Нетфликс во моментов ја снима третата сезона каде што ќе видиме многу драматични моменти од годинава. Првата сезона беше снимена во 2018 година по ексклузивниот договор со Либерти Медиа. Иако шоуто придонесе за зголемување на популарноста на Формула 1, често е критикувано од тврдокорните Формула 1 фанови за драматизирање на одредени настани. 

Макс Верстапен изјави дека не го сака серијалот поради неговиот сензационализам. 

Не го сакам бидејќи е лажен. Знам што сум зборувал со моите механичари. Некои работи сум ги кажал во Австралија или во Австрија, а тие ги искористиле на друга трка за да биде повозбудливо. Тоа не е во ред. Тоа е сензационализам – обвини холанѓанецот.

Во истото интервју, холанѓанецот побара од Формула 1 да ги исполни неговите очекувања, а не да им претставува искривена слика на гледачите. Тој пред да влезе во спортот сметал дека Формула 1 е огромна, но сега сфатил дека е мала и сите со секого се познаваат. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ