Верстапен го обвинува Фетел за своето извртување

МАкс Верстапен изјави дека Себастијан Фетел бил виновен за неговото извртување, односно влегувањето во гаража од страна на возачот на Ферари предизвикало подуправување на неговиот болид по што дошло до извртување за време на последниот летечки круг на квалификациите за Штерското Гранд При.

Младиот холанѓанец беше најблизок конкурент на Хамилтон за пол позиција за време на втората трка од овогодинешниот календар, но како што одминуваше времето, Луис стануваше се посилен, а МАкс погреши и се изврте на средиа од кругот.

Себ со своето Ферари во моментот не летечкиот круг на Верстапен возел кон гаражата и предизвикал немирен момент на РБ16 болидот.

мислам дека себ бееш тој кој одеше кон боксот, не се гледа ни бојата на болидот во вакви услови. имав подуправување поради тоа и прешироко влегов во таа кривина излегувајќи на тротоарот на следната и загубив контрола. четирите тркала ми лизгаа на последната кривина, но и покрај тоа времето не беше добро за да се победи луис – откри макс.

Макс појасни дека последниот квалификациски сегмент бил најтежок и времињата биле побавни од К2 затоа што дождот се интензивирал и почнал да паѓа се посилно.

квалификациите беа се на се добри, единствено првиот сегмент имаше доста гувжа на патеката и требаше многу да се внимава да се остави простор зад тој пред вас за да имате добар круг. целиот прв сегмент немав добар летечки круг, но беше добро, а патеката не беше лоша за возење.

овие болиди со толку големи гуми се неверојатно тешки за дожд и кога болидот е едно 6 секунди пред вас сте буквално слепи. но, добро беше и задоволен сум од мојот резултат.

кон крајот почна повеќе да врне и вториот сектор стануваше многу тежок. се подобрив во однос на времето во последните 2-3 мои обиди, но не беше доволно добро за пол позиција. во к3 беше многу тешко, барем за мене затоа што имаше многу насобрана вода на асфалтот.

губев многу грип и немав добро чувство како во првите два делови од квалификациите и поради тоа сум задоволен од второт место.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ