Верстапен демантира трансфер во Ферари

Макс Верстапен верува дека трансфер во Ферари во иднина многу тешко да се случи затоа што во Маранело гим имаат младиот возач од Монако, Шарл Леклер.

Актуелниот договор на Макс со Ред Бул истекува на крајот на следната година, а како и за сите, така и за него, иднината е под знак прашалник.

Аналитичарите сметат дека Себастијан Фетел тешко да продолжи во Маранело со оглед на неговата сезона и притисокот под кој е изложен од Леклер. Се споменува името на Луис Хамилтон како негова можна замена во иднина.

Самиот Верстапен демантираше дека тој може да заврши во Маранело особено поради фактот што неговиот ривал Леклер веќе е во екипата. Падокот смета дека тие двајцата се природни наследници на Хамилтон и имаа неколку одлични бидки сезонава.

не мислам дека тоа ќе се случи. одлино се согласувам со леклер, жестокот се тркаме и тоа е тоа. тој нема никакво влијание врз моето евентуално место во ферари, но мислам дека тоа нема да се случи. не треба да имате двајца потенцијални број еден возачи во екипа – изјави макс за холандски Ziggo Sport.

Доколку Хонда снабди силен мотор во Милтон Кинс догодина, а Ред Бул си ја заврши својата работа, нема да има никаква потреба Верстапен да менува екипа доколку добир победнички пакет за себе.

сите сакаме да победиме затоа што имаме победнички менталитет во тимот и сакаме да се вратиме на периодот кога доминиравме. сакаме повеќе победи и сакаме борба за титула.

Борба за насловот значи и одличен мотор од страна на јапонците, нешто во што Верстапен е убеден затоа што новата соработка му донесе три победи годинава.

импресиониран сум од работата на гонда, тие немаат граници и прават се за вас. имаат огромен потенцијал и во текот на годината испорачаа се што ветија, дури и повееќе. поради тоа сум многу срќен што продолжуваме со нив и догодина.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ