Верстапен до Леклер: Мора да бидеш трпелив

Макс Верстапен го советува својот колега, Шарл Леклер, да биде трпелив доколку сака да стигне до титулата. 

Ова е доста чудно бидејќи доаѓа од Верстапен кој не е познат по својата трпеливост. Тој дебитираше во Торо Росо на 18 години, а следната сезона беше прекомандуван во Ред Бул со кој победи на првата трка во Шпанија. 

Мора да бидеш трпелив. Мислам дека научив доста низ годините, Секогаш верував во проектот дека ќе се вратиме на врвот. Не може да ги забрзаш работите, Бевме трети најбрзи, а сега победуваме и Тоа е процес. Ќе дојде до напредок и ќе успеете во тоа.

Знам дека е чудно што јас го кажувам, Но верувам дека ќе стигнат до таму. Имавме години кога моторот се распаѓаше и беше борба. Подоцна работевме со Хонда и стигнавме далеку. Понекогаш и пакетот е важен и мора да се најде потенцијалот што е многу тешко – посочи двократниот првак.

Леклер е често критикуван што дозволува да биде исфрустриран и нетрпелив поради што прави грешки, но новинарот Ендру Бенсон му дава корисен совет. 

Тој е одличен во болидот кој е слаб за него, Но сеуште се далеку од Ред Бул. ГЛедам разочарување кај него, Но тој ги сака Ферари и дојде во тимот како многу млад. Ќе им ја донесе титулата. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ