Верстапен желен да дознае дали Хонда ги стигнала Ферари

Макс Верстапен вели дека иако Ферари имале мала предност пред Хонда со моторот, така што тој е желен да дознае каков е балансот во моќта на почетокот на новата сезона.

2019 година беше прва сезона од соработката помеѓу Ред Бул и Хонда во која Верстапен стигна до 3 победи и пласман на трето место во поредокот, но и покрај неколку шпекулации околу легалноста на моторот на Ферари, нивниот агрегат беше сметан за најдобар минатата сезона. И покрај тоа, Верстапен вели дека Хонда направиле добар чекор напред во зимскиот период и е возбуден да дознае каде се наоѓаат во споредба со Скудерија во перформанси на моторот.

Бев возбуден кога почнавме да соработуваме и не бев разочаран. Навистина уживав во тоа. Тие се навистина фокусирани и мислам дека одлуките кои ги направија минатата година беа многу добри. Секако како возач посакувате повеќе, но и тие исто така.

Мислам дека кон крајот на сезоната, изгледаше многу конкурентно. Бевме прилично блиску до Мерцедес, како во Бразил и дуелот помеѓу Пјер и Луис. Со Ферари, не знам. Сеуште мислам дека се малку пред нас.

Но, мислам дека во текот на зимскиот период, Хонда направија многу големи чекори напред. Ќе дознаеме што постигнале другите, бидејќи и тие сигурно се подобриле.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ