Верстапен: Здодевно е ако Хамилтон продолжи да победува

Макс Верстапен едвај чека на денот кога младината на Формула 1 ќе биде на врвот, велејќи дека би било премногу здодевно доколку Луис Хамилтон продолжи да победува.

Хамилтон пристигнува во Мелбурн следниот месец со шест шампионски титули, четири по ред. Доколку британецот успее и оваа сезона, тој ќе се изедначи со Михаел Шумахер во бројот на титули. Иако Верстапен признава дека Хамилтон е “многу, многу добар“, тој вели дека успехот на возачот на Мерцедес во голема мера зависи многу од болидот на неговата екипа.

Хамилтон, Фетел и Леклер се сите одлични возачи, Но сите тројца се и многу различни, секој има свој стил. Луис е многу, многу добар. Тој е еден од најдобрите возачи во Формула 1. Го почитувам како многу силен возач. Но како возач, зависите многу од вашиот болид.

Ако Фернандо Алонсо беше во овој Мерцедес, тој ќе победеше. Тоа е исто така да се биде дел од тим кој всушност ја развива доминацијата.

Моментално има многу шпекулации околу иднината на Хамилтон и каде ќе биде во 2021 година. Иако според некои извори тој би можел да заврши во Ферари, други тврдат дека ќе продолжи во Мерцедес барем уште 2 години. Верстапен смета дека формата на Мерцедес оваа сезона ќе биде одлучна за Хамилтон.

Па, Луис старее, тој има 35 години сега. Луис нема да вози секогаш. Во некој момент, ќе престане. На крајот, зависи од тимот, не од Луис. Ако Мерцедес продолжи да произведува добри болиди со кои ќе станат шампиони, зошто би престанал?

Но, би било премногу досадно ако Луис Хамилтон секогаш победува.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ