Верстапен имал проблем со електрониката

Макс Верстапен ја заврши предвреме трката поради проблем со електрониката во неговиот РБ16 болид откако стартуваше од втора позиција и беше еден од фаворитите за победа почнувајчи на медиум гуми, различно од сите околу него.

На стартот се одбрани од брзиот Ландо Норис на Мекларен и ја задржа позицијата. Подоцна во текот на трката тој почна да тоне во поредокот за преку радио да пријави проблем со системот против гаснење на болидот и подоцна да се паркира во гаражата. 

Не сум сигурен што се случи, но ќе дознаеме. Имав добар старт за разлика од минатата година и можевме да се бориме со Валтери за победа. Мислам дека можеше лесно да се стигне до подиум или до трета позиција што ќе беше достоен старт на сезоната.

ова е тркање и не може да се смени резултатот. Штета е за сите што дадоа се од себе да се подготвиме, но сега се фокусирам на наредната трка и се надевам на подобар резултат – гласат очекувањата на верстапен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ