Верстапен имал разговори со Нетфликс

Шампионот Макс Верстапен откри дека тој и продуцентите од Нетфликс имале добри разговори откако фановите настојнуваа да го видат во наредната сезона на Drive to Survive. 

Светскиот шампион не сакаше да биде дел од серијалот бидејќи се креирале лажни ривалства и претерувале, но серијата помогна многу за развојот на спортот во Америка и веќе има три трки во САД.

Нема да бидам веќе толку негативен затоа што Разговаравме со одговорните на шоуто и Мислам дека имаме добро разбирање за во иднина.

Има работи за кои не сум среќен бидејќи има лажни ривалства и возачите се прикажани во различно светло. Мислам дека возачите не се како во вистинскиот живот. Сигурен сум дека ќе биде подобро во наредната сезона – откри макс.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ