Верстапен стана возач со најмногу победи за Ред Бул

Макс Верстапен постави уште еден рекорд и сега има повеќе победи од германецот Себастијан Фетел за Ред Бул. 

Фетел во моментов го држи само рекордот на тимот со четири титули споредено со две за Верстапен, но младиот холанѓанец има уште многу пред него во кариерата. 

Со добар болид, овие бројки ќе ги надминам, Но секако е добро. Не мислев дека ќе бидам во ваква позиција. Растев, сакав да сум во Формула 1 и да победувам на трки. Сега е подобро од тоа што замислував – задоволен е холанѓанецот.

Верстапен се приклучи на Ред Бул во 2016 година, а по 23 трки за сестринскиот тим Торо Росо, беше прекомандуван во Ред Бул каде победи на деби трката во Барселона.  Фетел има 53 победи од кои една со Торо Росо и 14 со Ферари. Победата на Верстапен е втора за три години во Монако и трета по ред на Ред Бул.  Хорнер го пофали својот возач. 

Со оваа победа тој, е возачот со најмногу победи за Ред Бул. Го надмина рекордот на Себ. Мислам дека е на врвот и вози неверојатно. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ