Верстапен искрен: Треба да се подобриме за да се одбраниме од Ферари

Лидерот во возачкиот шампиона, Макс Верстапен, посочи дека неговиот Ред Бул сеуште треба да се подобри откако Ферари беше болидот со поголема брзина и посилен ритам на Канадското Гранд При.

Холанѓанецот дојде до својата 6та победа на 9те досега одржани трки и си го зголеми водството во возачкиот поредок на 46 поени пред својот колега Перез и 49 пред Шарл Леклер. Викендо на Макс беше олеснет од фактот што Ферари променија мотор кај Леклер и моначанецот стартуваше од последниот ред, но Верстапен мораше да се брани жестокот последните 15-тина кругови од нападите на брзиот Карлос Саинз од Ферари кој имаше предност во однос на ритамот, но не толкава за да го мине РБ18 на патеката.

И покрај тоа што тој и Ред Бул имаат удобно водство во шампионатите, Макс е внимателен дека тимот мора да се подобри оккако им недостасуваше брзина во Недела.

сезоната сеуште е многу долга и знам дека предноста наша е доста голема, но знам и дека се може да се промени многу брзо. по првите три трки јас бев 46 поени зад леклер и поради тоа знам дека мораме да останеме мирни и да се фокусираме на подобрувања во недела кога очигледно не сме најбрзи.

се може да се промени како минатиот викенд во баку кога не изгледаше добро за нас, но и покрај тоа успеавме да победиме и тоа покажува дека мораме да работиме заедно како тим и да се обидеме да го подобриме болидот колку што може повеќе – посочи актуелниот првак.

Скудерија најчесто е најбрза екипа на квалификации, а Леклер освои шест пол позиции споредено со само две на Верстапен, така што на екипата од Милтон Кинс и е тешко да се носи со италијанците на летечки круг. Но, на трка, СФ-75 имаше поголема деградација од Ред Бул, иако во последно време тоа е поправено, но механичките проблеми го ограничуваат болидот од Маранело.

секогаш тие се побрзи во сабота на квалификации, а побавни во недела на трка, иако во барселона беа побрзи и на трка, како и на уште неколку трки. се се менува напред-назад, треба да разбереме зошто. во сабота во канада врнеше, можеби тоа ни помогна на трка, но мораме да анализираме.

можеби се е до карактеристиките на патеката, тротоарите, без разлика на моментот, тешко е да се објасни.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ