Верстапен и Леклер се опции за Мерцедес, најави Волф

Тото Волф, шефот на Мерцедес, смета дека Макс Верстапен и Шарл Леклер се можни опции за нив во иднина, во екот на преговорите со Луис Хамилтон за договор по крајот на оваа сезона.

Леклер веќе потпиша нов Договор кој го обврзув на верност кон Ферари до крајот на 2024 година, а Верстапен согласно јануарскиот договор ќе остане во Милтон Кинс една година помалку.

не ме чуди што овие двајца млади возачи се обврзаа на долгогодишна верност кон нивните екипи во моментов, но договорите се многу сложени, многу повеќе одошто тоа медиумите го пренесуваат – појасни волф за германски Auto Motor und Sport.

Сепак, австриецот не е загрижен доколку Луис не потпише нов договор со нив за следната тркачка сезона.

се додека имаме брз болид, а тоа е наш прв приоритет, секогаш ќе бидеме во ситуација во која ќе можеме да бираме кој ќе вози за нас. имаме млади возачи на кои се потпиране и кои вршат одлична работа за нас како на пример џорџ расел кој е безгрешен во вилијамс или пак естебан окон. имаме младинци кои може да ја завршат работата за нас.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ