Верстапен и Перез со нови мотори во Баку

Макс Верстапен и Серхио Перез добија целосно нови мотори за Азербејџанското Гранд При, потврди ФИА во својата објава пред трката.

Тимот одлучил да вгради нови мотори кај двајцата возачи во пресрет на трката низ Баку, сакајќи да искористи колку што може повеќе од својата моќ на најдолгиот правец во календарот, така што ова е прва промена на мотор со внатрешно согорување во РБ18 сезонава. Двајцата ќе добијат и нови турбо полначи, кинетички и топлински дел од Системот за повраток на енергијата, како и издувен систем.

Возачите на моментално водечкиот тим во поредокот не се единствени кои се решија за комплетно нови мотори викендов затоа што нови елеменеит добија и Даниел Рикардо од Мекларен, Ленс Строл од Астон Мартин, Александер Албон од АлфаТаури и Николас Латифи од Вилијамс.

Валтери Ботас од Алфа Ромео доби нов мотор со внатрешно согорување, додека Шарл Леклер од Ферари и Мик Шумахер од Хаас земаа нови турбо полначи и издувни системи.

Себастијан Фетел од Астон Мартин доби нов кинетички дел, додека возачите на Мерцедес и Тсунода од АлфаТаури ќе менуваат издув. Никоја од споменатите промени не повлекува казна.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ