Верстапен и Ред Бул номинирани за Лауреус наградата

По успешната 2022 година во која Макс Верстапен победи 15 пати, а Ред Бул имаа 17 триумфи, возачот и екипата се номинирани за престижната Лауреус награда.

Холанѓанецот стигна до својата втора последователна титула во кариерата, а “биковите“ до првиот наслов од 2013 година.

Противкандидат на Макс во категоријата спортист на годината ќе му биде фудбалерот на Франција и ПСЖ, Килјан Мбапе, репрезентативецот на Аргентина и соиграч на Мбапе, легендарниот Лео Меси, атлетичарот во дисциплина скока со стап, Мондо Дуплантис, тенисерот Рафаел Надал и НБА кошаркарот на Голден Стејт, Стеф Кари. Верстапен ја освои титулата лани по драматичната борба за титула против Луис Хамилтон до последниот круг од последната трка.

До сега Михаел Шумахер го освои признанието во 2002 и 2004 година, Себастијан Фетел во 2014 година, а Луис Хамилтон шест години подоцна. Ред Бул како екипа никогаш не се закитиле со тоа признние, иако Рено беа крунисани во 2006 година, Браун ГП четири години подоцна, а Мерцедес во 2018 година.

Конкуренција на Ред Бул годинава ќе биде аргентинската фудбалска репрезентаиција која стана светски првак, англиската женска фудбалска селекција, францускиот машки рагби тим, Голден Стејт Вориорс од НБА лигата и кралскиот клуб Реал Мадрид.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ