Верстапен кај стјуардите за инцидентот со Хамилтон

Макс Верстапен е повикан кај стјуардите по контроверзната трка за Големата Награда на Саудиска Арабија.

Макс и ривалот за титулата, Луис Хамилтон, се судрија во неколку наврати за време на трката во Џеда Корниш. Верстапен, кој доби временска казна за кратење на вториот свиок и добивање предност од тоа додека се бореше со Хамилтон, се обиде да ја отстапи позицијата во текот на трката до свиокот број 27.

Но, додека го правеше тоа, тој беше удрен од позади од страна на Хамилтон, предизвикувајќи мала штета на Мерцедесот, по што тие ги задржаа своите позиции. Поради тоа, Верстапен е повикан поради наводно прекршување на член 2 од меѓународниот спортски кодекс на ФИА. Тој член вели:

Предизвикување судир, повторување на сериозни грешки или недостаток на контрола над болидот (како на пример напуштање на патеката) ќе бидат пријавени кај стјуардите и може да предизвика наметнување на казни до и вклучувајќи го дисквалификацијата на кој било засегнат возач.

Хамилтон победи на трката пред Верстапен, оставајќи ги израмнети со бодови.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ