Верстапен: Мајами и Вегас нема да го заменат Монако

Макс Верстапен се сомнева дека Формула 1 ќе оди во насока кон Мајами или Лас Вегас, а Монако ќе биде збришан од календарот. 

Минатата недела се одржа првата трка во Мајами каде беа продадени сите билети и имаше многу познати лица на трибините. Монако се смета за круна во Формуала 1 календарот, но Мајами се чини дека е новиот пример за организација на трка по примерот на Супербол. 

Не мислам дека мајами ќе го замени Монако. Монако е историја и треба време да се изгради тоа. Работите се целосно различни во Монако, има многу простор и атмосферата е различна. Мора да се најде средина, но Монако е една од редовните трки – посочи верстапен.

Иако не е позната иднината на Монако чиј договор истекува оваа година, сепак сите возачи сакаат Монако да остане на календарот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ