Верстапен морал да притиска постојано во Бразил

Макс Верстапен вели дека притискал до граница на своите можности за да ја обебеди победата во Бразилското Гранд При.

Откако освои пол позиција, Верстапен успеа да го задржи водството во првиот свиок по стартот во текот на 21 круг.

Но, при првото влегување во бокс, тој беше блокиран од заостанатиот болид на Роберт Кубица и кога излезе на патеката беше позади Луис Хамилтон. На крајот на кругот успеа да го нападне болидот на Мерцедес, но повторно го загуби водството во следниот.

Луис беше многу брз и морав постојано да притискам. Мерцедес беа повторно брзи, но мислам како тим дека завршивме навистина добра работа во боксовите.

Луис влезе во бокс рано и моравме да завршиме добра работа со нашите влегувања. Јас бев позади и притискав до граница во обид да се доближам од него и тоа беше моја единствена можност.

Знаевме дека имаме добра максимална брзина целиот викенд, но среќен сум што успеав да го претекнам. Два пати го нападнав и тоа не врати на прво место. Од таму можев да ја контролирам трката.

Како тим завршивме навистина добра работа. Со стратегијата, особено при последното влегување со софт пневматици кои ја спасија трката за нас и ни дадоа шанса да го нападнеме Луис.

Неверојатно е. Беше многу забавно и секако е одлично да се победи. Неверојатно. Беше навистина добар ден.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ