Верстапен: Мојот статус ми наложува да се појавам на Нетфликс

Поради својот статус на актуелен и двократен Формула 1 првак, Макс Верстапен смета дека немал избор и морал да се појави на Нетфликс.

Популарната серија со екслкузивни снимки од Нетфликс одработува фантастично за спортот, зголемувајќи ја популарноста, но не се малку и они кое сметаат дека американците праат многу драма онаму каде што ја нема и преувеличуваат.

Во 4та сезона која ја прикажуваше шампионската 2021 година на Макс Верстапен, холанѓанецот не се појави со свое интервју, но годинава за сезоната број 5 која наскоро ќе може да се гледа, тој ќе биде присутен на малите екрани.

Серијата Drive to Survive е клучна за популарноста на спортот во САД откако Формула 1 70 години се мачеше да го освои тој пазар, а сезонава Соединетите држави ќе имаат дури 3 трки во календарот.

секако дека разговарав со екипата на нетфликс пред да се појавам н интервју. се надевам дека ја разбрале мојата порака затоа што сум свесен дека тоа што сум светски првак наложува да се појавам на таква серија.

им дадов итервју од половина час или час и се надевам дека ќе го искористат. не сакам да ја гледам серијата, но се надевам дека се среќни со моето интервју. исто така, се надевам дека гледачите со задоволство ќе ја гледаат сезоната и ќе бидат задоволни затоа што знам дека серијата е многу важна за растот на популарноста на формула 1 – посочи верстапен.

Петтата сезона од серијалот ќе може да се гледа до 24 Февруари.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ