Верстапен му врати на Хамилтон за “смешните“ коментари

Макс Верстапен ги отпиша коментарите на Луис Хамилтон дека треба да му се остави повеќе простор при блиските дуели како “смешни“, признавајќи дека тој е силен тркач, но и фер во исто време.

Хамилтон и Верстапен имаа контакт во првиот круг во Мексико и додека возачот на Мерцедес имаше минимални последици, Верстапен мораше да загуби повеќе позиции, а потоа мораше да влезе во бокс поради пукнатина на задниот десен пневматик по контакт со Ботас.

На конференцијата по трка, Хамилтон посочи на инцидентот и призна дека не се трка против Верстапен како против останатите, инсистирајќи дека му остава повеќе простор поради агресивните маневри.

Мислам дека од моја гледна точка тоа е смешен коментар, бидејќи иако сум силен, тврд тркач, сепак сум фер.

Мислам дека не е во ред. Но секако лесно е да се нападне некој. Од моја страна, ок е. Секогаш е позитивно кога говорат за вас, бидејќи тоа значи дека сте им во мислите. Јас само се фокусирам на моето возење и тоа е доволно кажано.

Таков коментар покажува дека сум му влезен во глава. Претпоставувам дека тоа е добра работа. Но од наша страна, јас немам потреба да ги “буцкам“ луѓето на прес конференција, бидејќи најпрвин тоа е непочитување, претпочитам да се борам на патеката.

Секако дека се борам силно и тврдо, на ивица, инаку, ако сакаат да останам позади, подобро е да се остане дома.

Сакате да ги нападнете, бидејќи за тоа сте тука, ние сме тркачи, ние сме Формула 1, најдобри и се бориме за победи бидејќи за тоа живееме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ