Верстапен: Нетфликс направи Ландо да изгледа како к**тон

Макс Верстапен повторно ги нападна Нетфликс и нивниот Drive to Survive документарец како лош и претеран, овој пат потенцирајќи го појавувањето на Ландо Норис кој на серијата изледал како к**тон.

Актуелниот првак одби да учествува во серијата која дебитираше во 2019 година и е одговорна за успехот на Формула 1 во Америка. Возачите во пресрет на сезоанта редовно се прашувани а повратни информации и мислење за серијата, а неколкумина, меѓу кои и Верстапен, се крајно незадоволно од вештачкото шоу и спектакл кој го предизвикуваат американците.

Поради сето тоа, Стефано Доменикали најави дека ќе разговара со возачите и со одговорните за серијата во стриминг сервисот за решавање на недоразбирањата.

гледав неколку епизоди од последнта сезона и бев изненаден што сум покажан како зборувам во серијта. веројатно тоа е некоја снимка од 2018 година, нешто што е претходно снимено околу мојата борба и возење н патеката. не ми се допадна, увидов дека е стара снимка затоа што мојот глас не беше каков што е денеска.

сфатив дека многу од времето тие шетаат со своите микрофони наоколу и снимаат многу работи. морам во иднина да бидам повнимателен во однос на тоа што го зборувам.

серијата не е мој стил, иако ми е јасно дека тие сакаат да ловат моменти низ целата сезона и да ги фабрикуваат.

она што не ми се допадна, дури и тоа што не ме засегнуваше мене, е начинот на кој ландо и даниел беа покажани, тие се одлични момчиња, навистина се добри, а ландо беше покажан како к**тон, а тоа воопшто не е така, тој е одличен карактер. луѓето го познаваат ландо, тој е смешно, прекрасно и забавно момче, а ви серијата е непрпознатлив.

кога сте нов следач на спортот и никогаш не сте гледале формула 1 трка и болид, тоа ќе ви биде вистинската пртсава за него. тој е одличен, а серијата даде лоша слика за него, точно тоа ми се случи на мене на почетокот. ако некој ве прегази на стартот, тоа е, уништен сте, нема назад.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ