Верстапен не ги сака Силверстон и Монако

Макс Верстапен ги одбра Силверстон и Монако како трки на кои не ужива да вози Формула 1 болид.

Двете патеки се едни од најпознатите во Формула 1, но холанѓанецот не ги преферира. Главна причина поради која не ги сака е тоа што не може да вози под полна гас. 

Мислам дека силверстон е фина патека, но не е за ФОрмула 1. 85 проценти се вози под полна гас, Таму има само два свиоци.

Квалификациите во Монако се супер предизвикувачки, но трката не е никогаш забавна посебно ако си напред. Ти си единствениот кој може да ги сопре сите. Сите само возат позади. Возиш со 50 или 60 проценти од капацитетот на болидот – вели макс.

Верстапен сепак сака да вози на друга патека. 

Доколку победам негде тоа не е автоматски моја омилена патека. Мислам дека Спа е многу убава, а сум бил на подиум само еднаш.

Ние никогаш не сме имале болид за долги правци. Тоа е навистина патека од старата школа. Доколку направиш грешка одиш во песок или во ѕид. Навистина е опасно, но преубаво.

Доколку би дизајнирал патека тој би земал по нешто од сите други. 

Не можам да бирам каде возам, но доколку јас сум дизајнерот тогаш знам што ќе направам. Треба да може да се престасува.,Можеби да се променат некои свиоци. Би земал најдобри делови од сите патеки, но мислам дека таа во целост би била 15 километри. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ