Верстапен не жали по откажаниот Пол Рикар

Иако новата сезона се очекува да има повеќе трки од оваа, сепак, шампионот Макс Верстапен признава дека има една патека која не го воодушевила во Формула 1. 

Холанѓанецот признава дека нема да му недостига тркањето на Пол Рикар чиј договор заврши оваа сезона. Патеката беше домаќин на неколку трки од 2018 година и нема да биде дел од новиот календар. 

Французите Пјер Гасли и Естебан Окон се пожалија од губењето на домашната трк,а но Верстапен смета дека таа патека била досадна. 

Мислам дека е одлична тест патека за издржливост, но не е за Формула 1. 

Франција отпадна од календарот, но во истиот влегуваат Катар и Лас Вегас. На прелиминарниот календар имаше место и за Кинеското Гранд При кое и годинава нема да се одржи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ