Верстапен не знае што се случило

Макс Верстапен од Ред Бул вели дека не знае што се случило при неговата грешка на последнтата кривина од денешнтие квалификации, по која заврши во оградата и си го уништи кругот кој беше дефинитивно за пол позиција.

Хамилтон имаше провизорна пол позиција, но Верстапен имаше феноменални први два сектори и предност од 25 стотинки во пресрет на последниот сектор, така што беше на пат до нова пол позиција и изгледаше моќно. Но, откако предното лево тркало го закочи поради доцно сопирање, на излезот од последниот свиок заврши во оградата крај патеката, немаше некое големо видливо оштетување, но не можеше ниту да продолжи.

Давајќи изјава по сударот, тој откри дека не знае што се случило, но призна дека погрешил и дека било ужасно со оглед на тоа што имал одличен круг.

секако дека е уажсно, но општо гледано имав одлични квалификации. беше тешко да се натерат гумите да работат како што треба по оваа патека, но знаев дека имам ритам, имам брзина и го покажав тоа на сесијата, особено во последниот дел.

навистина во моментов не разбирам што се случи, се закочија тркалата, а јас нормално се обидов да се задржам на патеката и да го завршам кругот, но задниот дел пролизга и удрив во оградата, при што бев приморан да сопрам – изјави верстапен.

Тој има 8 поени предност во возачкиот поредок пред Луис така што оваа негова грешка може и да го чини насловот, во зависност од она што ќе се случи утре на трката.

разочарувачки е што сум трети знаејќи каков круг имав “во рака“. како и дае, покажавме дека болидот е одлично подготвен, многу е брз и можеме да надоместиме на трката утре.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ