Верстапен не се плаши од корона вирус

Макс Верстапен изјави дека ги превзема сите мерки да не се зарази со Ковид-19, но сепак не е загрижен дури и да се случи тоа. 

Во Четврток беше објавено дека Шарл Леклер е позитивен на Ковид-19 тестот и останува дома во само изолација во својот стан во Монако, а претходно Серхио Перез, Ленс Строл, Луис Хамилтон и Ландо Норис беа исто така позитивни. 

Верстапен новата година ја помина во Бразил со пријатели и со новата девојка, Кели Пике, се врати во карантин во Европа, но признава дека не се плаши од пандемијата. 

се правам онлајн и многу е забавно. Имав добра година. Моите пријатели се тестираат и доколку се заразиме не сме загрижени. Мислам дека сме помлади и полесно ќе поминеме.

Секако мора да се грижам за себе и мора да сум внимателен бидејќи не може се да се контролира. Се помалку го гледам моето семејство, но тука има доста технологија која ни помага да се видиме – вели младиот холанѓанец кој живее во Монако.

Верстапен се трка и на симулации онлајн и признава дека повеќе би сакал да биде надвор отколку да игра. 

Се зависи од интересите кои ги имате. Доколку сте човек кој сака да е надвор, тогаш е тешко во карантин. Мислам дека сум многу среќен да бидам дома и да одмарам бидејќи ние многу патуваме. За мене карантинот не е лош. Не сум бил одамна толку дома и константно Наоѓам нови нешта низ станот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ