Верстапен: Никако да влезам во ритам

Макс Верстапен се пожали дека не можел да влезе во ритам на петочните тренинзи во Австралија иако беше најбрз на првата сесија со помалку од половина секунда од Луис Хамилтон.

Петочните тренинзи минаа во знакот на проблем со ГПС системот кој не го јавуваше соодветно позиционирањето на болидите, така што на моменти се содаваше метеж и проблем за летечки круг. 

Вториот тренинг, Макс беше секунда од најбрзото време, поставено од Алонсо, но сесијата беше дождлива, а патеката мокра во најголемиот дел.

условите не беа одлични денеска, немавме многу грип, а асфалтот беше прилично лизгав. беше тешко да се оптимизира работата со гумите и беше проблем кога се сака да се притисне за брз круг.

имаше и неколку прекини, така што никој не успеа да влезе во вистински ритам. тешко е да се каже каков е болидот на оваа патека затоа што никогаш не добивме можност да го возиме оптимално пдоготвен.

ќе ги анализираме податоците и ќе видиме што ќе промениме утре кога условите треба да бидат пдобри.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ