Верстапен: Нов мотор нема да ми помогне

Макс Верстапен смета дека нов мотор на последните две трки нема да му помогне да му парира на Мерцедес. 

Хамилтон имаше голема корист од новиот мотор во Бразил и повторно ќе го користи истиот во Абу Даби, но Верстапен смета дека на него не му е потребен. 

Ние ја немаме таа разлика во моќност како кај Мерцедес. Нашиот мотор е константен и Промена не ни носи никаква предност – смета холанѓанецот.

Доктор Хелмут Марко најави дека е можно Верстапен да добие нов мотор во Абу Даби, но сепак холанѓанецот не верува во тоа.

Од моја страна мислам дека нема потреба. Сеуште мислам дека ќе можам и без тоа. Не верувам дека Хамилтон сега го има моментумот, но мора да видиме како ќе тече викендот.

Тешко е да се претпостави како ќе биде. Секогаш ќе се обидувам да победам и најважно е да сум на врвот во Абу Даби. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ