Верстапен открива која победа му била најважна

Макс Верстапен вели дека победата на Австриското Гранд При на патеката Ред Бул Ринг е негова најомилена од 2019 година.

Најдобриот резултат на Верстапен во 8 трки беше пласман на две трети места во Австралија и Шпанија, додека Ред Бул имаа проблеми со аеродинамиката. Новото предно крило донесе повеќе потенцијал во Австрија, но Верстапен се квалификуваше на второ место и потоа мораше да се бори низ средината, откако падна на 8мо место по стартот.

Холанѓанецот го помина Шарл Леклер во завршницата од трката.

Тоа беше емотивно и неверојатно чувство. Трките претходно, ние не бевме одлични со формата и наеднаш победивме во Австрија. Не можевме да го испланираме подобро. Донесовме подобрувања на трката и викендот помина одлично.

За мене, тоа беше победа на сезоната. Се функционираше и како екипа немаше подобар момент за победа. Живеам за подиуми и победи, но се околу тоа е одлично и не возбудува. Кога ја гледам трката во Австрија, тоа ме наежува.

Споредено со Мерцедес, блиску сме со моќ, така што притисокот постои за следната сезона. Мора да се подобриме. Сите ќе бидат на врвно ниво. Истото се очекува од мене. Се движиме во правилна насока, да се надеваме на тоа и понатаму. Ни треба добар напредок во зимскиот период.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ