Верстапен откри како планира да се концентрира на титулата

Макс Верстапен објасни како планира да остане фокусиран на својот стил на возење викендов и да размислува само на тоа како да ја освои титулата.

Во пресрет на Саудиското Гранд При, Макс Верстапен има предност во борбата за својата прва титула во Формула 1 и тоа ќе се случи ако освои 18 поени повеќе од Луис Хамилтон. И покрај тоа што е пред најголемото постигнување во кариерата и освојување на најценетата титула во моторспортот, тој откри дека е целосно фокусиран на тоа што ќе се случува на патеката и нема да дозволи одвлекување на вниманието.

ќе го правам тоа што го правам цела сезона, ништо нема да променам. се работи за нова патека и прво треба да научиме со тимот како да ја нападнеме уште на првата сесија во петок. остатокот од викендот ќе дадам се од себе да бидам колку што можам поконкурентен – најави холанѓанецот.

Макс дополни дека тимот е неверојатно мотивиран затоа што во Џеда може да дојдат до својата прва титула од 2013 година.

многу сме мотивирани, а ваква патека создава различни и нови можности за сите, не само за нас. се надевам дека ќе биде возбудлив викенд, дека ќе бидеме конкуренти, но прерано е да прогнозирам било што во моментов.

патеката е многу, мнгу брза, а јас сум нетрпелив да ја доживам во реалноста.

Во врска со притисокот, тој откри како ќе остане фокусиран на тоа што е потребно и нема да му се одвлекува вниманието со работи надвор од патеката.

секогаш сум бил многу неутрален и не читам многу позитивни и негативни работи. доашам на тркачки викенд фокусиран и насочен на формула 1 и тркањето, а тоа што го имаме го кажувам на патеката и тоа многу ми помага.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ