Верстапен очекува средниот ред да се приближи

Макс Верстапен не е оптимист за темпото на Ред Бул во Русија бидејќи очекува другите тимови да се приближат до нив. 

Екипата од Милтон Кинс нема многу успех на Сочи откако таа трка се појави на календарот во 2014 година, а тоа е поради ниската потинса сила која ја бара патеката и брзината на правците. 

Верстапен досега не бил на подиум тука и смета дека е тешко да се бори со другите тимови. 

Тука никогаш не сме биле конкурентни и не очекувам чуда. Секако има долги правци и свиоци под 90 степени кои се кратки и не прават разлика. Мислам дека момците од средината ќе бидат поблиску одошто тоа беше случај на Муџело, но ќе видиме што може да направиме за подиум – вели холанѓанецот.

Еди Џордан неделава изјави дека Хамилтон треба да замине во Ред Бул како колега на Макс, но според него тоа нема да се случи. 

Зошто би го направил тоа? Тој сака да освои титула и јас сакам да го направам истото. ТОј е во вистинскиот тим за титулата, Но да видиме што ќе се случи. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ