Верстапен очекува Хамилтон да продолжи со Мерцедес

Заминување на Луис Хамилтон од Мерцедес најверојатно нема да биде избор кој ќе го направи Формула 1 шампионот, смета Макс Верстапен.

Сезоната во 2019 година заврши сред шпекулации дека Хамилтон е заинтересиран за трансфер во Ферари за 2021 година, нешто што ниту шампионот, ниту Скудерија не го негираа целосно. Иако Верстапен е свесен дека Хамилтон е блиску до крајот на својата кариера, тој се сомнева дека шесткратниот шампион би заминал од “сребрените стрели“ доколку тие го бараат најдобриот избор за продолжување на доминацијата во Формула 1.

Па, Луис старее. Тој има скоро 35 години, во одреден момент ќе престане, Но тоа ќе зависи од екипата, ако сум искрен. Нема да зависи од него. Ако Мерцедес продолжат да изработуваат навистина доминантни болиди, тогаш тој ќе продолжи да победува.

Ние мора да се осигураме дека како екипа ќе може да ги победиме. Во Формула 1, многу зависите од болидот.

Иако Хамилтон не заминува никаде моментално, Верстапен се прогнозира дека ќе биде вовлечен во одлучувачко ривалство со Шарл Леклер во годините кои следат. Двајцата веќе беа ривали во картинг, но тргнаа по поинакви насоки кон Ф1. Сепак, сега се повторно блиску, а во 2019 година веќе видовме повеќе директни дуели.

Нема разлика со никој друг. Го познавам подолг период од другите и сум се тркал против него подолго време. Тој е одличен возач, со голем талент, а за него е голема прилика што вози за Ферари. Очекувам да се борам против него уште долго време, бидејќи сеуште сме многу млади.

Тоа е добро за спортот, што младите возачи полека превземаат, бидејќи станува помалку досадно гледајќи го Луис како победува. Ние младите возачи мора да се обидеме да го промениме тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ