Верстапен: Повлекувањето нa Хамилтон зависи од Мерцедес

Макс Верстапен смета дека Луис Хамилтон нема да се повлече од спортот се додека Мерцедес му испорачуваат болид со кој може да победува и да освојува титули.

луис станува се постар и мислам дека сега има веќе 35 години. нема вечно да се трка и во некој момент ќе престане, но мислам дека тоа зависи главно од неговиот тим, а не од него. ако мерцедес продолжат да прават силни болиди со кои може да освојува тиутли, нема поента да престане да се трка – изјави макс за австриски Auto Zeitung.

Младиот холанѓанец потоа се осврна на своите колеги.

хамилтон, фетел и леклер се многу силни возачи и сите се многу различни еден од друг. луис е многу добар и многу го почитувам како тркач, но како возач во многу работи зависите од болидот.

ако фернанро алонсо возеше во мерцедес, ќе победуваше. добро е да се биде во екипа која е доминантна.

Тој се осврна и на гломазниот Формула 1 календар за кој смета дека не треб да се проширува дополнитело од моменталните 22 трки од кои е составен.

25 трки се премногу, тоа е јасно. ќе биде подобро да се фокусираме само на најдобрите патеки, најисториските и да имаме на пример само 20 многу квалитетни настани.

За новите правила, тој смета дека доколку болидите навистина се побавни по пет секунди, тоа е големо назадување.

можеби ќе бидеме премногу бавни, а сегашната генерација болиди е фанстасична за возење. сепак, ако правилата помогнат во претекнувањето и нивото на забава, ќе биде подобро. многу трки се решени од самиот старт, а тоа не е интересно. мене не ме интересира како изгледаат болидите, јас сакам добро тркање.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ