Верстапен помеѓу најбогатите спортисти помлади од 25

Макс Верстапен е сместен во листата на најбогати млади спортисти во светот од страна на реномираниот Forbes, кој направи листа на спортисти кои заработуваат најмногу, а се помлади од 25 години.

По својата титула од 2021 и 2022 година, тој доби значтелно поголем договор од Ред Бул кој го врзува во Милтон Кинс до крајот на 2028 година, а Forbes проценув дека лани тој добил 64 милиони долари заедно со бонуси. Проценката е дека само од Ред Бул инкасирал 60 милиони долари, а останатите се спонзорски договори.

Пред Верстапен на листата се напаѓачот на Парис Сен Жермен и француската фудбалска репрезентација кој лани заработил 120 милиони долари како и Кајлер Мари, НФЛ играчот на Аризона Кардиналс со работка од 70,5 милиони долари.

Зад Верстапен е напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд со своите 40 милиони долари годишно како и НБА играчот на Далас Маверикс, Лука Дончич кој годишно зема 37,2 милиони долари.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ