Верстапен појасни каде треба да биде силен Ред Бул во Монако

Актуелниот шампион, Макс Верстапен, ги призна слабостите на болидот кои ќе бидат важни на претсојната трка во Монако. 

Ред Бул стигна до четири пол позиции оваа сезона, но на последните три трки, тимот имаше проблеми на квалификациите. Верстапен погреши во Мајами и во вториот обид не успеа да постави подобро време поради излетувањето на Шарл Леклер од Ферари. 

Возбуден сум што ќе се тркаме оваа недела. Тоа што не возевме на Имола е добра одлука бидејќи има поважни работи од тркање во такви ситуации. Во Монако се најважни квалификациите и мора да сме силни во текот на сесијата – повеќе од јасен е холанѓанецот.

Алонсо е закана за Ред Бул, заедно со Шарл Леклер од Ферари, кој сака да ја уништи клетвата на неговата домашна трка. Верстапен смета дека ќе имаат голем предизвик миз улиците на Монте Карло и важна ќе биде стратегијата. 

Патеката во Монако е многу тесна. Квалификацискиот круг ќе биде тежок, но и возбудлив. Трката зависи од стратегијата бидејќи претекнувањето е невозможно. Секако живеам во Монако и убаво е да сум дома за време на викендот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ