Верстапен презадоволен од брзината на Ред Бул во Баку

Откако не победи минатата година во Баку, Макс Верстапен успеа да се оддолжи и да победи сезонава во Азербејџан годинава со што го зголеми водството во возачкиот поредок.

Тој е задоволен од темпото на Ред Бул кој дојде до 1-2 победа во Баку. Холанѓанецот го помина Перез во 15от круг и од таму никој не можеше да го предизвика. Двојното откажување на Ферари ги остави сами да ги соберат поените во шампионатот.

Никогаш нема да надоместам за лани, но имав одлична брзина во болидот. Внимавав на гумите и го чував водството. Имав среќа и со откажувањето на Ферари, но мислам дека болидот беше доста брз и ја намаливме разликата – посочи актуелниот првак.

Тој обајсни дека нешто се случило денес во Баку што му дало добро чувство.

Не знам, едноставно гумите и грипот беа подобри. Тука мора да се внимава на гумите. На крајот имавме 1-2 победа за тимот и тоа е добро за нас. Мислам дека секој викенд е различен. Мора да сме прецизни и да внимаваме на малите работи за да сме одлични секоја трка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ