Верстапен пренесен во болница по сударот со Хамилтон

Макс Верстапен беше префрлен во болница на понатамошни проверки поради претпазливост по огромната несреќа што ја претрпе во Силверстон, по контактот со Луис Хамилтон во првиот круг.

Верстапен излета во Копс со брзина од 280 километри на час откако Хамилтон се обиде да го претекне од внатрешната страна.

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, изјави дека Верстапен, кој бил префрлен веднаш во медицинскиот центар по излегување од болидот, бил многу занесен по несреќата, а исто така го обвини целосно Хамилтон за инцидентот.

По извршената проценка од страна на лекарите во Медицинскиот центар на Силверстон, Макс Верстапен е пренесен во локалната болница за понатамошни тестови. Дополнителни информации ќе следат. – гласи соопштението од Ред Бул.

На Хамилтон му беше изречена казна од 10 секунди за предизвикување судир, но и покрај казната, тој победи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ