Верстапен признава: Бевме пребавни за Мерцедес

Макс Верстапен признава дека Ред Бул биле премногу бавни за д асе борат со Мерцедес откако не можеше да фати приклучок до Луис Хамилтон, а во последниот дел од трката го загуби второто место од Валтери Ботас.

Холанѓанецот имаше голема надеж дека ќе го предизвика Луис Хамилтон на оваа трка поради стартот од првиот ред, но на крајот не успеа да се доближи до него и да има било каква шанса за напад.

Константно беше 5 секунди од Хамилтон, а потоа следуваше и мало оштетување на предното крило по кое му падна ритамот и стана жртва на Валтери Ботас кој му го превзема 2то место.

Сепак, младиот возач е задоволен од подиумот откако не успеа да ја заврши рпвата трка, но не е претерано возбуден од постигнатото.

се обидов и дадов се од себе, но во моментов сме премногу бавни. направив се што можев против валтери, но ме мина. се обидов да му отежнам, но дали тој круг или спедниот секако ќе ми ја превземеше позицијата.

барем се забавував затоа што оваа трка беше здодевна, подиумот е одличен, но ни треба уште многу работа – анализира верстапен.

Макс смета дека Ред Бул треба да ги стигнат Мерцедес како со шасијата така и со моторот и свесен е дека им треба уште доста за да се носат со “сребрените“.

притискав колку што можам повеќе за да останам во група со нив, но ни тоа не беше доволно добро. разликата е огромна, шокиран сум колку заостануваме, се обидов се, но не беше доволно.

сепак, на првата трка немав поени, а овој пат имам подиум и тоа е добро, но мислам дека целевме на победа и борба за наслов. ако сакаме да стигнеме до тоа треба да почнеме да победуваме. губиме доста време на правците, но работиме за да го намалие заостатокот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ