Верстапен самобендисано: Враќањето на Нетфликс ќе биде под мои услови

Како што веќе најавивме, Макс Верстапен може да се врати во Drive to Survive серијата на Нетфликс откако имал добар и продуктивен разговор со продуцентите.

Тој не даваше директни интервјуа за Нетфликс лани во сезоната кога беше во жестока борба за титула со Луис Хамилтон, а потоа откри дека не сакал лажни приказни и ривалитети и дека продуцентите претерувале, поради што не сакал да биде дел од тоа.

За време на прес конференцијата во Силверстон, Верстапен откри дека разговарал со продуцентите за поголема негова вклученост во годинешната сезона од серијата.

седна со продуцентите и им објаснив што не ми е допаѓа и што сметам дека е погрешно во минатото. беше добар и позитивен разговор, иако беше кус, но ќе работиме заедно за да се подобриме.

ќе имам поголем удел во тоа како ќе бидам прикажан во серијата и нема само да давам интервјуа кои подоцна ќе бидат монтирани од нив и нема да бидам ваден од контекст. јас само тоа го барам. се да биде реално, барем за мене. не можам да контролирам како се прикажани останатите, јас се грижам за себе – откри шампионот.

Холанѓанецот разбира зошто продуцентите толку многу сакале тој да се вклучи во серијата, но дополни и дека неговото враќање на Нетфликс мора да биде под негови услови. Петтата сезона од серијата се снима годинава, а ќе биде прикажана на пролет во 2023 година. Договорот на Нетфликс со тркачакта серија е валиден и за 6та сезона откако се покажа како полн погодок во Америка и во многу ја пообри популарност на спортот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ