Верстапен: Се е можно од 15то место

Актуелниот и двократен Формула 1 првак, Макс Верстапен, смета дека се е можно со старт од 15то место на гридотна утрешното Саудиско Гранд При откако имаше проблем со преносот на денешните квалификации.

За време на својот прв обид во средниот квалификациски сегмент, тој драстично забави во вториот сектор од патеката, а потоа дојави дека веројатно има проблем со моторот, но откако се врати во гаражата, тимот потврди дека проблем е преносот. Поради тоа што немаше поставено време, тоа значеше почеток од 15то место на утрешната трка за него.

Верстапен победи на првата трка во Бахреин пред две недели, а овој пат посочи дека е вознемирувачки што имал таков пробле на квалификациите по толку добри тренинг сесии.

прв пат се соочуваме со ваков проблем. како што излегов од 10та кривина се случи дефектот што е навистина многу вознемирувачки. мислам дека до сега имавме одличен викенд, секоја сесија беше супер и секое излегување на патеката болидот одлично работеше.

сега ќе биде потешко да се вратам при врвот, но секако дека освојување на колку што може повеќе поени е наша цел. сезонаа е долго, се надевав дека ќе тргнам од многу подобра позиција на оваа втора трка, но не можеме ништо да промениме во моментов – изјави верстапен по крајот на трката.

Запрашан дали може да предизвика за победа со почеток од 15то место, возачот на Ред Бул одговори дека се е можно, но преферира да остане реален.

се е можно на оваа патека на која сме виделе многу неверојатни работи, но во исто време треба да остранеме и реални. ќе биде тешко иако имаме силен ритам и се надеваме дека ќе напредуваме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ