Верстапен се надева дека Хонда ќе остане во Ф1

Макс Верстапен се надева дека Хонда ќе остане во Формула 1 и по крајот на следата тркачка сезона, однсно и по истекот на сегашниот договор.

И покрај тоа што холанѓанецот имаше две откажувања поради проблеми со моторот на последните две трки, тој сака јапонците да останат како снабдувачи со мотори во Ред Бул.

секако дека последните две трки не беа позитивни, но односот ни е сеуште одличен. важно е да бидеме искрени едни кон други, да се објасниме кога нешто не е во ред и токму тоа го направивме по последната трка – објасни верстапен.

Јапонците од Хонда често тврдат дека се втор снабдувач по силината на моторот оваа година по Мерцедес.

се надевам дека ќе останат во спортот и ќе продолжиме заедно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ