Верстапен: Сите возачи би победувале со Мерцедес

Макс Верстапен смета дека најголем дел од Формула 1 возачите би станале светски прваци доколку би имале можност да возат за Мерцедес.

22-годишниот возач на Ред Бул Хонда кој цели на титула следната година, смета дека тоа што го вели не е насочено за провокација на шесткратниот шампион Луис Хамилтон.

убеден сум во тоа што го велам затоа што знам дека доколку бев во тој болид немаше да имаме иста кариера како сега. 60% од возачите на гридот би станале шампиони со мерцедес, едноставно многу работи зависат од болидот.

хамилтон дефинитивно е многу добар, еден од најдобрите формула 1 возачи на сите времиња, но во исто време знам и верувам дека може да биде победен – изјави макс за хоаландски Ziggo Sport.

Запрашан да именува кои од останатите 40% од возачите не би победиле нити су Мерцедес, тој одби да одговори.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ