Верстапен смета дека се смирил годинава

Макс Верстапен верува дека тој бил многу посмирен во интервјуата пред и по трките оваа сезона и признава дека научил многу од претходните грешки кога го покажуваше својот гнев пред ТВ камерите.

Во минатото, холанѓанецот имаше репутација за истакнување на емоциите и страста без разлика што имаше на ум, што пак предизвика проблеми за него. Сепак, во 2019 година, тој беше посмирен и смета дека тоа е поради поголемото искуство.

Оваа година бев многу посмирен пред камерите. Севкупно, тоа беше подобро. Никогаш не фрлам работи наоколу бидејќи татко ми не ми дозволуваше, но понекогаш не може да не се изнервирате. Луѓе сме, но ако сум гневен, научив да почекам пред да се појавам пред камерите. Кога бев многу гневен, понекогаш ги избегнував медиумите. Тоа беше проблем, но не го правам тоа повеќе.

Една работа која може да го натера еден возач да биде гневен пред медиумите, е притисокот да покаже перформанси и да победува во Формула 1, но Верстапен тврди дека тој не го чувствувал тој притисок премногу.

Не го имав тоа чувство, не. Можеби тоа ќе се случи кога ќе ја започнам сезоната со силен болид. Знаеме дека сакаме да победиме како тим, но моментално се обидуваме да стигнеме до таа позиција. Бевме блиску кон крајот на сезоната.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ