Верстапен: Со новиот договор се одбегнува “чудно чувство“

Макс Верстапен смета дека раното потпишување на неговиот нов договор со Ред Бул било за д се одбегне чудно чувство во тимот во текот на сезоната. За Милтон Кинс тој смета дека е вистинско место за продолжеток на неговата кариера.

Минатиот месец Ред Бул откри дека потпишале продолжување на договорот со Верстапен кој е валиден до крајот на 2023 година по што ги скратија шпекулациите за негов трансфер. Неговиот претходен договор им рок до крај на оваа сезона, а седишта за догодина се отворени кај сите екипи.

отсекогаш сум се чувствувал удобно во тимот и никогаш не сум сакал да брзам со ништо затоа што немало никаква потреба за тоа. новиот договор го средивме многу брзо, а лани не ни размислував за тоа. убаво е чувството затоа што оттргнува секаков сомнеж и нема повеќе никакви прашалници.

кога влегувате во сезона во која знаете дека договорот ви истекува на крајот од истата, во еден момент е чудно затоа што некако станувате свесни дека вашиот следен тим не го знаете.

јас не сакав да имам никаков сомнеж затоа што знаев дека сум на вистинско место. одлично се чувствувам во тимот и има многу добри луѓе околу мене поради што сум мотивиран и гладен за победи и титули – објасни верстапен.

Првиот човек на тимот, Кристијан Хорнер, откри дека персоналот на тимот бил многу мотивиран што се враќа на работа и што договорот со Макс е завршена работа.

фантастично е што толку брзо го средивме и потпишавме договорот затоа што енергијата можеме да ја насочиме на друго место. сите се вратија од празниците со насмевка и мотивација. сите ја знаат иднината, нема чудни и тивки разговори помеѓу возачот и тимот затоа што секој си ја знае својата улога и сите сме заедно и обединети.

ако ситуацијата не е јасна состојбата во тимот може да биде чудна во текот на годината, а формула 1 е луда железница во однос на емоциите во текот на предвидените трки.

одлично е што нема да се судираме со никакви шпекулации затоа што социјалнит емедиуми знаат да бидат преполни со истите. тоа ни дава можност да с ефокусираме на друга важна работа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ