Верстапен спортист на годината на Лауреус наградитe

Макс Верстапен ја доби овогодинешната награда спортист на годината на Лауреус наградите и стана четврти Формула 1 возач во историјата на наградите кои се закитил со тоа признание.

Холанѓанецот го доби признанието по одличната ланска сезона кога го победи својот жесток ривал, Луис Хамилтон, во борбата за насловот, а токму Хамилтон е добитник на признанието во 2020 година кое го подели со Лионел Меси.

Конкуренција на Макс за признанието му беа Том Брејди фантастичниот НФЛ играч, Роберт Левандовски, центарфорот на Баерн Минхен, мартонецот Кипчоги, пливачот Дресел кој освои пет медали во Токио како и 20-кратниот Гренд слем тениски победник, Нован Ѓоковиќ. Михаел Шумахер во 2002 и 2004 година се закити со наградата, а Себастијан Фетел во 2014 година.

големо благодарам на сите од лауреус академијата кои гласаа за мене. ова беше посебна година, фантастична година поради притисокот, но не можев да го направам ова без тимот зад мене и луѓето во фабриката. беше неверојатно да се освои титулата.

сакам да го споменам и татко ми јос без кого немаше да сум тука денеска и го ценам секој наш заеднички момент во оваа успехшна приказна и се надевам дека ќе дојда уште такви.

бев многу среќен со ланскиот успех, но тоа се должи на многу години напорна работа и подготовки поради што сум многу горд. од мал сонував да бидам на врвот во моторспортот и да освојам формула 1 титула.

му кажв на татко ми дека успеав во остварување на сонот на кој работев долги години, спомените кои ги носев со мене од патувањата со него низ европа и се што постигнавме заедно – изјави верстапен.

Шесткратниот МотоГП првак, Марк Маркез беше номиниран во категоријата Камбек на годината откако се врати во тркањето по долгата пауза поради повредата на раката лани, но тој не се закити со признанието затоа што тоа му припадна на скиролџијата Скај Браун кој од фрактура на черепот и скршен лев зглоб и рака се врати и освои бронзен медал на Олимпијадата во Токио.

Мерцедес Формула 1 тимот беше номиниран за тим на годината, но беше победен од Италијанскта фудбалска репрезентација која стана шампион на фудбалското Евро 2020 по финалето на Вембли, но потоа не успеа да се квалификува за Светското првенство во Катар.

Валентино Роси исто така доби награда за спортска икона откако се пензионираше од МотоГП трките на крајот од минатата година по кариера со седум титули.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ